Ќерката на математичарот

Ќерката на математичарот

  • Автор: Венко Андоновски
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-647-6
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 404
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 400,00ден
400,00ден

На писателот по електронска пошта му се јавуваат неговите ликови од претходните романи, пред сè од Вештица, и го известуваат дека незадоволни од судбините кои им ги определил таму, почнале да пишуваат роман за можностите да се избегне судбината. Почнуваат да му праќаат текстови кои тој треба „стилски да ги потсуреди“ и од нив, често неповрзани, да направи целина! Така, ликовите раководат со писателот, а не тој со нив. Притоа, тој како обичен „уредник“ под притисок на своите ликови, се соочува со фактот дека тие пишуваат не еден, туку два романа: „голема“ и „мала“ книга. И имаат за цел да покажат дека две сосема различни приказни можат да имаат ист, заеднички крај.

Големата книга говори за речиси детективската потрага по еден мистериозен човек кој ја персонифицира смртта, а малата за можноста една славна рок-ѕвезда да ја избегне судбината и на денот на својата несреќна погибија во сообраќајна несреќа да задоцни на местото на својата смрт, поради тоа што ќе се напие кафе со својата детска, прва љубов...

Андоновски продолжува, во нему својствен, мајсторски стил да ги испитува крајните можности на романот како жанр во постојано преиспитување...

Напишете ваш коментар