Еретички писма

Еретички писма

  • Автор: Стефан Марковски
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-569-1
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 218
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 250,00ден
250,00ден

Еретички писма од Стефан Марковски е софистициран роман што целосно ги исполнува критериумите на нашата современост, имено барањата на современата читачка публика жедна за дела во кои ќе одгатне дел од тајните во себеси, од меѓупросторот меѓу духот и телото, меѓу нежноста и грубоста, и од меѓувремето меѓу стварноста и фикцијата, меѓу желбата и остварбата.

Во романот основно се отсликува социјалниот живот на главниот јунак во окружие што не обезбедува пристојна егзистенција, и кое посега по криминал заради криминал, според принципот уметност заради уметност, заради криминалното не толку во себеси колку во другите, заради уметничкото колку во нас толку и во другите, заради емпатијата, во услови во кои уништувањето други е единствен пат за нагорнини по општествено-економските скалила.

Роман што претставува пресвртнички чин во тековите на новата македонска проза.

Напишете ваш коментар