Џелат на љубовта

Џелат на љубовта

  • Автор: Ирвин Јалом
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-560-8
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 315
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 450,00ден
Цена со попуст: 360,00ден
Заштедувате: 90,00ден

Редовна цена: 450,00ден

Цена со попуст: 360,00ден

Во Џелат на љубовта реномираниот психијатар Ирвин Д. Јалом професионално, но и човечно проникнува во животите на своите пациенти – а преку нив и во душите на сите нас. Зошто Саул го мачат три неотворени писма од Стокхолм? Што ја тера Телма да го помине животот прекопувајќи по одамна завршената љубовна врска? Како плејбојските фантазии на Карлос му помагаат да се справи со ракот што го убива?...

Во оваа несекојдневна книга Ирвин Јалом детално и трогателно ја опишува својата работа со десет пациенти. Сите нив ги мачат основните човечки стравови – изолацијата, стравот од смртта или од слободата, чувството на бесмисленост на животот – од кои никој од нас не може целосно да се ослободи. Сепак, јасно е дека само со директно соочување со стравовите можеме да се надеваме дека ќе научиме како да ги прифатиме и да ги надминеме. Но д-р Јалом останува докрај отворен и искрен и за сопствените грешки и предрасуди; неговата книга е една од ретките во кои може да ѕирнеме во ординацијата на еден маестрален психијатар.

„Д-р Јалом уште еднаш покажа дека, кога се во вистински раце, терапевтските приказни стануваат најпрекрасна и најкреативна белетристика.“ Ева Хофман, Њујорк тајмс

Напишете ваш коментар