Ехо на слободата

Ехо на слободата

  • Автор: Ана Јовковска
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-566-0
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 263
  • Димензии: 160/240
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 399,00ден
Цена со попуст: 340,00ден
Заштедувате: 59,00ден

Редовна цена: 399,00ден

Цена со попуст: 340,00ден

Ехото доаѓа длабоко однатре и како ефектот на пеперутката стигнува до другиот крај на светот, каде некој непознат човек, читајќи ги твоите зборови, ќе се препознае во нив. На пеперутката ѝ требаат крилјата за да го постигне ефектот на преносливост, но зар човекот ги нема? Крилјата на човекот се неговите мисли и зборови. Можеш да ги рашириш до каде што сака твоето срце и до каде што ти дозволува твојата храброст. На крајот, сè се сведува на тоа:
Умееш ли да сонуваш за подобар свет?
Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневје?
Умееш ли да веруваш во луѓето?
Умееш ли да им го отвориш срцето, за тие да ти ги отворат своите најинтимни мисли?
Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни?
Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?

Слободата е МОЖАМ. Слободата е ЖЕЛБА. Слободата е ЉУБОВ.

Интервјуто е повеќе од занает. Тоа е состојба на духот.

Ана Јовковска

 

Напишете ваш коментар