Бебе готвач

Бебе готвач

Цена: 990,00ден
990,00ден

„Бебе Готвач“ е книга чија цел е да ја подигне свеста за наметнување на здрави навики во исхраната уште во самите почетоци, кај бебиња од 6 месеци па нагоре.

Како две мајки чија цел беше да си го олесниме секојдневието го создадовме Бебе готвач за нас како и за сите оние кои сакаат да ги хранат своите деца здраво, и да учат заедно со нас новини кога станува збор за бебешката исхрана. Овој готвач е за оние кои сакаат да готват домашни, здрави оброци за себе и за своите деца, и да ја откријат убавината и мирисот на свежо подготвена храна кои ќе создаваат спомени со топлина и љубов.

Затоа оваа книга „Бебе Готвач“ им ја посветуваме на нашите деца, кои ни беа и се уште ни се инспирација да почнеме со оваа приказна, на сите родители, особено на мајките кои нѐ бодреа, на нашите блиски кои секогаш нѐ поддржуваат како и на сите оние кои сакаат и се грижат секогаш да имаат домашни и здрави оброци на својата трпеза.

Со сета љубов, од нас за вас!

Напишете ваш коментар