Англискиот пациент

Англискиот пациент

  • Автор: Мајкл Ондачи
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-512-7`
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 278
  • Димензии: 140/200
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 400,00ден
Цена со попуст: 256,00ден
Заштедувате: 144,00ден

Редовна цена: 400,00ден

Цена со попуст: 256,00ден

Англискиот пациент е несекојдневен роман испреплетен со судбините на неколку необични ликови – анонимниот пациент кој изгорел до непрепознатливост паѓајќи во пустината со својот авион, младата медицинска сестра Хана која се грижи за него, канадско-италијанскиот крадец Караваџо, младиот индиски инженерец Кип од Британската војска... Собрани во една стара италијанска вила, откривајќи ги постепено своите животни приказни, тие го чекаат крајот на Втората светска војна...

Редејќи ги делчињата од неповрзаното раскажување за пустинските истражувања и за страсната љубов што ја доживува со жената на својот млад пријател, нашите јунаци дознаваат дека Англискиот пациент, всушност, е унгарскиот гроф Ладислав де Алмаши, кој со екипа научници се нафатил да ги картографира неистражените пустински области во северна Африка, каде што сè уште живеат спомените за изгубената оаза Зерзура. Но војната, со својата неумолива жестокост, опустошува сè, вклучувајќи ги и нивните животи...

За овој свој роман Мајкл Ондачи ја доби наградата Букер во 1992 година. Во 1996 година Англискиот пациент доживеа филмска адаптација и освои девет Оскари од вкупно 12 номинации.

Напишете ваш коментар