Нојферт - Архитектонско проектирање

Нојферт - Архитектонско проектирање

  • Автор: Ернст Нојферт
  • Издавачка куќа: АРС ЛАМИНА
  • ИСБН: 9786084535706
  • Година на издавање: 2009
  • Број на страни: 576
  • Димензии: 205/300
  • Корица: тврда
  • Јазик: МК
Цена: 5.400,00ден

5.400,00ден

Ернст Нојферт (15.3.1900-23.2.1986) бил германски архитект и учител, член на најразлични организации за стандардизација, автор на архитектонско проектирање, негов „заштитен знак“. Првото издание на ова негово ремек-дело датира од март 1936 година. Оттогаш, па сé до ден денешен, има уште 39 изданија, но сите тие го задржале духот што го всадил Ернст.
Ова последно 39. издание продолжува онаму каде што се појави можност за делумно ново обликување во однос на претходното, бидејќи „Нојфертот“ сé уште претставува прв сеопфатен и најкомпактен извор на одговори за сите прашања поврзани со проектирањето и со градежништвото. Тимот на проф. Јоханес Кистер (уредник на ова последно издание) си зеде за цел во сите поглавија да постави нови стандарди и перспективи од аспект на нивната одржливост во смисла на давањето стручна информација и држење чекор со времето онака како што и Ернст би го направил. Повеќето теми се содржински проширени, а некои се и целосно обновени. Има и две новововедени теми: уредување спа-центри и индустриски градби. Поради зголемената одговорност на проектантите за животната средина, особено се продлабочени и доразвиени аспектите на градежната биологија и на постапките при градењето.
Овој прирачник ги содржи сите основи на нормите при проектирањето и обликувањето на најразлични градби каде што се земени како мерка денешните потреби на човекот за простор и за комоција. Наменет е за сите архитекти, градежни експерти, инвеститори и лица што се засегнати со градежната проблематика од кој било аспект.

Напишете ваш коментар