Ништо

Ништо

  • Автор: Кармен Лафорет
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-258-4
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 244
  • Димензии: 140Х205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 250,00ден
Цена со попуст: 180,00ден
Заштедувате: 70,00ден

Редовна цена: 250,00ден

Цена со попуст: 180,00ден

Едно од најважните книжевни дела на Шпанија од времето по Граѓанската војна, Ништо е роман кој воодушевува и маѓепсува со својата енергија, со моќните слики и суптилниот хумор.

Полна со надежи и мечти, со својот стар куфер стежнат од книги, Андреа пристигнува во Барселона за да студира. Се сместува во родната куќа на својата почината мајка, во едно пропаднато буржоаско семејство разјадувано од омразата што се трупала со години. Старата куќа е своевиден музеј не само на излишен мебел и дамнешни слики што сенишно висат по ѕидовите, туку и на призраците од минатото и на пропаднатите надежи на нејзините необични жители. Додека љубопитната Андреа ги запознава улиците на Барселона и го гради своето прво вистинско пријателство во животот, зад ѕидовите на старата куќа продолжуваат тегобните приказни на нејзините станари.

Трогателна приказа за навлегувањето на една млада жена во светот на возрасните, приказна во која премолчаните работи некогаш се поважни од кажаните.

„Брилијантно, суптилно дело чија моќ лежи во она што останува неизречено. Ништо е мајсторски напишан, повеќеслоен роман и неговата морничава сличност со денешната политичка клима и со општествените ставови е тешко да се игнорира“. Сан Франциско хроникл 

 

Напишете ваш коментар