Никогаш не се знае

Никогаш не се знае

  • Автор: Шеви Стивенс
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4741-05-3
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 368
  • Димензии: 130/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 420,00ден
420,00ден

На триесет и три години, Сара Галагер конечно е среќна. Нејзиниот бизнис за реставрација на мебел цвета и верена е со прекрасен човек. Но има едно големо прашање што сe уште ја прогонува - кои се нејзините биолошки родители? Сара конечно е подготвена да дознае, бидејќи одамна знае дека е посвоена и копнее да дознае нешто повеќе за вистинските родители.

Но некои прашања е подобро да останат неодговорени.

Кога конечно ја наоѓа, нејзината биолошка мајка ја одбива - повторно. А има и голема причина за тоа. Сара дознава дека нејзиниот татко е сериски убиец кој убива жени секое лето скоро четириесет години наназад. Таа се обидува да се помири со своите ужасни корени, но почнува да се плаши дека има наследено нешто повеќе од физички изглед од него.

И набрзо сфаќа дека има нешто полошо од тоа да дознаеш дека татко ти е сериски убиец, а тоа е тој да дознае за тебе. Никогаш не се знае е трилер што не се остава; приказна на жена која се обидува да дознае од каде потекнува. Но тоа е, се разбира, ако воопшто успее да преживее...

Напишете ваш коментар