Нешто сино

Нешто сино

  • Автор: Емили Гифин
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-29-6
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 340
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 390,00ден
390,00ден

Дарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма. 

Добро, малку е површна, не велам глупава, но таа навистина не сака да се оптоварува со големи или хумани каузи, со проблемите како кризата на блискиот исток или сите тие комплицирани и крвопролевачки настани кои ги следиме на телевизија. Не би можело да се каже дека е дури и засегната со економијата или политиката - едноставно не гледа поента во размислување за тоа.

Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед... и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, продолжуваат да функционираат заедно цели 25 години... Дарси живеејќи ултра забавен живот преполн со воодушевувања на новиот моден тренд и попусти низ трговските центри, а Рејчел со нејзините цврсти ставови и мудрост дури нереални за нејзините години.

И сè е идеално во нивниот однос... сè додека... сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка - Рејчел?

Напишете ваш коментар