Нешто позајмено

Нешто позајмено

  • Автор: Емили Грифин
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-28-9
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 340
  • Димензии: 130/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 410,00ден
410,00ден

Нешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка - прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка... сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава. Таа вечер, после многу пијалаци, Рејчел завршува во кревет со свршеникот на Дарси. Иако следното утро се буди со ужасна грижа на совест и решена да ја остави страшната грешка зад себе, Рејчел преплашено сфаќа дека таа има искрени и силни чувства за единствениот тип од кој би требало да бега на километри. Свадбата закажана за во септември се наближува страшно брзо, а Рејчел знае дека мора да донесе одлука. Додека се обидува да го направи тоа, таа дознава дека границата помеѓу правилно и погрешно може да биде многу нејасна и дека некогаш мораш да ризикуваш сè за да дојдеш до вистинска среќа. 

 
Што е поважно: дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Може ли да се одбере едното без губењето на другото засекогаш да ти го скрши срцето? 
 
Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки.

Напишете ваш коментар