Неразделните

Неразделните

  • Автор: Алесандро Пиперино
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-549-3
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 381
  • Димензии: 135/200
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 400,00ден
Цена со попуст: 320,00ден
Заштедувате: 80,00ден

Редовна цена: 400,00ден

Цена со попуст: 320,00ден

Неразделни. Такви биле отсекогаш браќата Понтекорво: Филип и Самуел. И покрај разликите: индоленцијата на Филип – незаинтересиран за каква било активност што не вклучува жени, јадење и стрипови – наспроти решителноста на Самуел, брилијантен студент, но невешт во уметноста на љубовта, предодреден за успешна кариера во светот на финансиите. Но одеднаш судбината ќе ги помеша картите и цврстата врска ќе почне да напукнува: додека Филип, (не)среќно оженет, ненадејно и речиси случајно станува планетарно познат стрип-уметник и икона на борците за права на децата, Самуел ќе се најде заглавен во процепот меѓу невозможна зделка што може да го уништи, не само во финансиска смисла, и невозможен брак со совршена жена.

Неразделните е приказна за едно семејство што мора да се избори со потребата за вистината наспроти неискажливите тајни, со омразата и сожалувањето спрема оние што ги сакаме, со болката и покајанието, со предавството и осаменоста, сè до завршната пресметка. Блескава книга, иронична и трогателна, проткаена со радоста на пишувањето.

 

Напишете ваш коментар