Нека победи подобриот

Нека победи подобриот

  • Автор: Џули Џејмс
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-65234-9-7
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 323
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 390,00ден
390,00ден

САМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА...

Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе - да биде унапредена во партнер.

АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ...

Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе - да биде унапреден во партнер... и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.


И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување! Па, нека победи подобриот!

Напишете ваш коментар