Наследството на Орхан

Наследството на Орхан

  • Автор: Алин Оханесијан
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-357-4
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 282
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 450,00ден
Цена со попуст: 360,00ден
Заштедувате: 90,00ден

Редовна цена: 450,00ден

Цена со попуст: 360,00ден

Кога ексцентричниот Кемал – човек кој изградил вистинска империја од ткаењето килими – ќе го најдат удавен во казан со боја, бизнисот ќе го наследи внук му Орхан. Но неговиот тестамент содржи повеќе прашања отколку одговори. Семејниот имот ѝ е завештан на некоја непозната жена. Нејзиното постоење и тајната на нејзиното минато само ќе ја продлабочат мистеријата околу тоа зошто Кемал својот дом во Турција ѝ го оставил нејзе, а не на синот или на внукот.

Со стариот блок за цртање на својот сакан дедо и решен да ја исправи неправдата, Орхан оди во ерменскиот дом за стари лица во Лос Анџелес. Таму не само што ќе ја разоткрие потресната приказна за ерменскиот геноцид што таинствената Седа внимателно ја чува туку ќе сфати и дека нејзиното минато може да ја разурне неговата иднина...

Движејќи се низ времето, од последните години на Отоманската Империја до крајот на дваесеттиот век, Наследството на Орхан ткае возбудлива приказна во која се испреплетуваат една страсна но забранета љубов, незамисливи стравотии, натчовечка истрајност и мрачни тајни што со генерации можат да прогонуваат едно семејство и цел еден народ.

„Книга што се нурнува во најмрачните агли на историјата на човештвото и изнурнува со кревко насетување надеж“. Киркус ривјус

 „Уште со првата впечатлива слика, Наследството на Орхан ќе ви се пикне под кожа и ќе ви остави неизбришлив печат врз срцето. Како читатели сме многу среќни што го наследуваме одличното дело на Алин Оханесијан!“ Гејл Брендајс, писателка

 

Напишете ваш коментар