На пат

На пат

  • Автор: Џек Керуак
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577393
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 358
  • Димензии: 125x195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 380,00ден

380,00ден

 Ода за екстатичната радост на самото постоење

На пат е ремек-делото на Џек Керуак и еден од најсилните романи на 20 век, кој го преживеа судот на времето. Овој автобиографски роман, како што се впрочем и другите книги на Керуак, е фреска на андерграундот на џезерска Америка од педесеттите години, едно вдахновено лирско-епско сведоштво за „голиот” живот на бит-генерацијата во почетоците на нејзиното осознавање, по патиштата на Америка, нејзините подруми, автобуски станици, споредни железнички колосеци, полноќни велеградски улици, ладни и евтини станчиња начичкани со млади луѓе желни за секс, во потрага по љубов, дружење, топол човечки збор во ноќта, замрачени ханки-тонк барови исполнети со џез и радосно-тажен живот, алкохол, дрога, кризи, падови, невидени екстази, љубов, отворени патишта, бескрајни прерии, богатство на внатрешниот живот наспроти материјализмот и хаосот на светот. А во средиштето на тој вител на младешко одушевување од животот, како моторна сила на генерацијата, танцува главниот јунак Дин Мориарти, или автентичниот Нил Кесиди, патник и мистик, жива инкарнација на бит-движењето.

Напишете ваш коментар