На големото корито

На големото корито

  • Автор: Софи Дол
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4892-28-1
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 138
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 300,00ден
300,00ден

Една романсиерка учествува во телевизиска емисија по повод објавувањето на нејзината прва книга. Таа не се сомнева дека нејзината слика на екранот ќе вознемири еден од телевизиските гледачи вработен како градинар во градот Ножан-Ле-Ротру. Откако ја отслужил својата казна за злосторство што го извршил пред 30 години, тој сега води мирен живот. Но неочекувано, повторно ќе мора да се соочи со сопствените избори и грешки. Зашто романсиерката е ќерка на неговата жртва и за пет дена ќе дојде во локалната книжарница за да ја промовира својата книга.

Во напната и мачна атмосфера, додека го чека соочувањето со личноста од која се плаши но од која не може да избега, за овој осамен човек почнува одбројувањето...

Приказна во која секој лик е во потрага по емоционално закрепнување, откако ќе ја прифати одговорноста за своите постапки. Роман за верноста во потрагата по вистината, поттикната од желбата и потребата да им простиме на другите – но и себеси.

Напишете ваш коментар