Можеби некогаш

Можеби некогаш

  • Автор: Колин Хувер
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-40-1
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 318
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 380,00ден
380,00ден

Сидни живее во идилично меурче; таа има работа во која ужива, живее со својата најдобра пријателка, Тори, има прекрасно момче и бесплатно слуша неверојатна музика во живо од балконот спроти нејзиниот. Но кога Сидни дознава дека нејзиното момче ја изневерува и тоа со нејзината најдобра пријателка, идиличното меурче пука. Таа одеднаш останува без Хантер, без Тори, без кров над главата и без работа. 

Тогаш во игра влегува мистериозниот и привлечен сосед, Риџ, кој стои зад музиката што доаѓа од спротивниот балкон. Тој веќе ѝ е делумно познат, иако реално не се познаваат, бидејќи Сидни е навлечена на неговата музика и не може да престане да го гледа и слуша како страсно свири на гитара на неговиот балкон. Тој ѝ нуди излез од навидум безизлезната ситуација, предлагајќи ѝ да пишуваат песни заедно, а со тоа истовремено ѝ дава и надеж дека таа може да продолжи понатаму. Но продолжувањето понатаму со животот се покажува потешко отколку што Сидни очекува, па ѝ останува само да се надева дека... Можеби некогаш. 
 
Страсна приказна за љубовта, предавството, лојалноста и музиката на која наизменично ќе се смеете и плачете

Напишете ваш коментар