Мочуриште

Мочуриште

  • Автор: Арналдур Индридасон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-273-7
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 261
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 380,00ден

380,00ден

Мистериозно убиство во една од сиромашните населби на Рејкјавик е воведната сцена во овој мрачен и возбудлив трилер на исландскиот писател Арналдур Индридасон. Истражувајќи го случајот, полицијата открива низа шокантни и неверојатни сознанија, кои го водат читателот во една вртоглава авантура низ студените исландски градови. Главниот лик во романот, детективот Ерлендур, е еден од оние незаборавни фигури во детективската проза какви што се Шерлок Холмс, Херкул Поаро или Сем Спејд.

Мочуриште е динамичен и возбудлив трилер, преполн со мистерии и пресврти сè до последната страница, но и неверојатно прецизен и сликовит опис на скандинавскиот живот. Истовремено класична детективска приказна и современ роман со незаборавни ликови и мајсторски доловена атмосфера, уште од своето објавување е прогласен за книжевен феномен и до денес е објавен во милионски тиражи. Огромната популарност на романот резултираше со низа продолженија, многубројни изданија и огромен успех низ целиот свет.

„Морничав роман, беспрекорно напишан и многу посликовит и подлабок од современите трилери.“ Индепендент

„Во исто време застрашувачки и трогателен роман, невероjатно динамичен, но многу интелигентно и вешто напишан.“ Тајмс

 

Напишете ваш коментар