Млада месечина

Млада месечина

  • Автор: Стефани Мајер
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9789989187674
  • Година на издавање: 2009
  • Број на страни: 395
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 300,00ден
Цена со попуст: 240,00ден
Заштедувате: 60,00ден

Редовна цена: 300,00ден

Цена со попуст: 240,00ден

Млада месечина е втората книга од сага САМРАК, којашто продолжува со романите Млада месечина, Замрачување и Зазорување. книжевното остварување на Стефани Мајер кое набрзо по објавувањето стекна култен статус меѓу младите читатели. Вториот дел од несекојдневната сага Самрак ја продолжува приказната за Бела Свон и нејзините неверојатни авантури во Форкс, малото дождливо гратче покрај Пацификот. Застоениот животен тек на американската периферија всушност крие страшни тајни и уште пострашни битија кои веќе со векови престојуваат тука. Меѓутоа, на Бела тоа ни најмалку не ѝ пречи; во првиот дел бевме сведоци на нејзиното вљубување во Едвард Кален, величенствено момче старо само еден век, што за неговиот вид претставува рана младост. А да, станува збор за вампири, за оние што можеби сè уште не го знаат сижето на сагата Самрак.Како што обично се случува во животот, едно зло или добро, како кој го доживува, само не може да помине – неопходна е рамнотежа. По неизмерната љубовна болка што ја доживува, Бела ја открива другата, паралелната страна од паричката на зачмаениот Форкс. Пријателството со Џејкоб Блек, другар од детството, кој му припаѓа на древното индијанско племе Квилути, ѝ открива уште една внимателно чувана тајна. Ни Квилутите не се само племе украсено со живописни носии и драматични тотеми. Напротив, нивната тајна, како и таа на вампирите, е прикриена од светлината на ноќта во сенката на Младата месечина.Повторно во расчекор помеѓу своите чувства и својата толку „обична“ човечност, Бела мора да избере кому му припаѓа и со кого сака да ја сподели иднината. За да успее во тоа, неизбежно е уште едно големо и опасно патување, овој пат во срцето на Италија, во типично тосканско гратче опшиено со ѕидини. Гратчето, всушност им припаѓа на вампирите...

Напишете ваш коментар