Митот за демократијата

Митот за демократијата

Цена: 250,00ден
250,00ден

Провокативна и фасцинантна книга за секој што сака да ги разбере денешните социјални проблеми во општеството и економската криза.

 Денес е општоприфатено дека демократијата е најдобар политички систем што може да постои. Нема да претераме ако кажеме дека демократијата е издигната на ниво на религија. Најголемата политичка вера на Земјата. Секоj што ќе се осмели да ја критикува демократијата ризикува да се биде означен како непријател на цивилизираното општество.

Но мислиме дека знаеме сè за демократијата? Дека таа е најдобриот од сите можни политички и системи на уредување? Дека демократијата е единствениот спас? Авторите Франк Карстен и Карел Бекман анализирајќи ја нашироко демократијата, нејзините темели и принципи, ги рушат сите митови и табуа за демократијата, покажувајќи ни ја во поинакво, скриено светло и нудејќи ни нејзина алтернатива во облик на слободно општество. На стотина страници, тие ни илустрираат како самата демократија е поткопана токму од нејзините основни принципи. Ако некогаш сте се запрашале зошто владината државната администрација станува се поголема и јавниот долг е во постојан пораст, а истовремено просперитетот и личните слободи се во се поголема стагнација, по читањето на оваа книга веќе нема да имате никаква дилема – ќе знаете кои се причините за тоа и што треба да се направи за тоа да се промени.

Покажувајќи како всушност демократијата функционира обратно од она што е нејзина основа и темел, авторите докажуваат дека демократијата всушност носи кон сè помалку слобода, поголеми социјални тензии и конфликти, неконтролорана јавна потрошувачка и задолжување, намалување на животниот стандард и континуирано одземање на личните права, сè во име не демократијата и прогресот!

Книга која ќе нè натера да размислуваме, да преиспитуваме, да ги критикуваме „светите“ вистини, зборовите на политичарите, делата на владите. Книга за секој и секого!

 

Напишете ваш коментар