Мапата и просторот

Мапата и просторот

  • Автор: Мишел Уелбек
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300467
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 237
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 450,00ден

450,00ден
И трилер и сатира, новиот роман на Мишел Уелбек е вистинска книжевна сензација.Градејќи си го името и репутацијата со изложување на фотографии од автомапите на „Мишелин“, необични дела што му носат многу пофалби од уметничкиот свет, Жед Мартeн се враќа повторно на сцената по десетгодишното отсуство. И носи добри вести, што немаат никаква врска со расипаниот котел за греење во неговиот стан, ближењето на уште една тажна божиќна вечера со неговиот татко, ниту со сеќавањата на неговата проколната љубовна врска со прекрасната Олга. Не, се работи за неговата нова изложба, во која го вклучува, верувале или не, познатиот француски писател Мишел Уелбек. Изложбата „Занаети и занимања“, всушност серија со портрети на обични и необични луѓе сликани како работат, му носи на Жед меѓународно признание и слава. Но, котелот во неговиот стан е сè уште расипан, неговиот оддалечен татко и понатаму паѓа во заборав, и најлошо од сè, тој е контактиран од еден инспектор, кој ја бара неговата соработка за решавање на едно грозоморно злосторство.Уметноста, парите, љубовта, односот со таткото, смртта, работата, Франција претворена во туристички рај, се неколку од темите на овој роман, класично смел и модерно искрен, кој на Уелбек му го донесе највисокото француско книжевно признание, наградата „Гонкур“.

Напишете ваш коментар