Мала веројатност

Мала веројатност

  • Автор: Марјолајн Хоф
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-4892-21-2
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 115
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 250,00ден
Цена со попуст: 199,00ден
Заштедувате: 51,00ден

Редовна цена: 250,00ден

Цена со попуст: 199,00ден

Малата Кики со тешко срце се збогува со својот татко лекар, кој заминува во уште една војна во некоја далечна земја. Тој се обидува да ја смири потсетувајќи ја на приказната за исплашениот човек. Несреќи би можеле да се случат секогаш и секому, ѝ вели. Глупаво е да се плашиш и да се затвораш дома.

Но Кика никако не успева да се ослободи од стравот. Заталкани куршуми, бомби, болести, автомобилот може да падне во некоја бездна... реди таа, иако мајка ѝ се обидува да ѝ објасни дека е мала веројатноста да се случи такво нешто. А кога по неколкудневно нејавување телефонот ќе заѕвони и ќе им кажат дека тој исчезнал, Кика ќе направи сѐ што е во нејзина моќ да ги намали шансите да остане без татко. Оди дури дотаму што смета дека жртвувањето на нејзиното милениче ќе ја зголеми веројатноста татко ѝ да биде пронајден жив. Зашто таа не познава никого кој има и мртво милениче и мртов татко.

Малку тажен а истовремено духовит, Мала веројатност е необичен роман за растењето и за приврзаноста, љубовта и надежта.

 

Напишете ваш коментар