Македонски волнени времиња

Македонски волнени времиња

  • Автор: Катица Ќулавкова
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-509-7
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 314
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 350,00ден
Цена со попуст: 230,00ден
Заштедувате: 120,00ден

Редовна цена: 350,00ден

Цена со попуст: 230,00ден

Македонски волнени времиња е збирка интервјуа што Катица Ќулавкова ги има давано за многу весници, списанија, портали и други медиуми од 1992 до 2017 година.

Книгава е куса, разговорна, културна, политичка и емотивна историја на самостојна Република Македонија. Таа е сведоштво за една скептична свест по однос на причините и методите на евизиите на идентитетот на современата македонска држава. Kнигава ја разобличува македонската колективна траума обележана со систематско лишување од радоста на слободното живеење.

Можеби историјата ја пишуваат победниците, но ја менуваат големите идеи за слободата.

Хуманизацијата е отворен, а не завршен процес.

Личниот и колективниот идентитет  не се паралелни светови, напротив.

Депресијата стана начин на живеење во Македонија.

Оспорувањето е македонска константа.

Штом се релативизира еден идентитет, треба да се очекува негова негација.

 

 

Напишете ваш коментар