Луна

Луна

  • Автор: Винка Саздова
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-404-5
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 302
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 250,00ден
250,00ден

„Што сакаш, всушност, да знаеш?“ гласот ѝ беше сув.
„Јас… ми падна тешко што не сакаше да се види со мене“, признав.
„Со никого не се гледаше, ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор, нели?“ го повиши гласот.
„Да, да“, промрморив. „А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…“

Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.

Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.

Луна од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа.

Коментари од корисниците:

Коментар од Весна:
Зборовите на Винка, го оживуваат македноскиот богат јазик. (Објавен на 12.1.18)
Коментар од Весна :
„Луна“ кога почнав да ја читам ми побуди многу тажни чувства, но како ја читав понатаму видов внатрешно исткаан хумор, на моменти многу ме насмеа, премногу голема пожртвуваност, огромно пријателство и човечност во ликот на Роса, сеуште ја читам... за тоа како од замислен непријател, за тоа како во некој во кој што гледаме се најлошо, кој што мислиме дека ни одзел се во животот, всушност пронаѓаме една кротка и мирна душа и голем пријател. Книга за опростувањето и покајанието, многу поучна книга, за искреноста која секогаш треба да постои ако сакаме среќни меѓучовечки односи. За храброста да се помага и тогаш кога несакаме некого. До крајот немам стигнато но можам да замислам каква поука и љубов има. Големината на Дамјановото срце. (Објавен на 12.1.18)

Напишете ваш коментар