Лет

Лет

  • Автор: Владимир Арсениевиќ
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-319-2
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 266
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 350,00ден
350,00ден

Лет е трогателна приказна за Павле Андреевиќ, млад воздухопловен поручник во војската на Кралството Југославија, кој кон крајот на триесеттите години на минатиот век во Белград, Нови Сад, Петровград, Мостар и Сараево го открива духот на времето, но исто така запознава и многу великани на книжевноста и филмот, како и зачетници на стрипот и фотографијата од тој период.

Еден рутински авијатичарски лет, непосредно пред почетокот на Втората светска војна, засекогаш ќе ја промени судбината на Палве, но и на целото негово семејство. Тој трагичен ден ќе го затвори кругот помеѓу животот и смртта и ќе стане главна вест во сите весници во Југославија, која ја очекува голем воен судир.

Владимир Арсениевиќ, еден од најдобрите и најнаградуваните млади српски автори и најмлад добитник на престижната награда на НИН, во романот Лет ја раскажува неверојатно искрената приказна за љубовта на двајца млади луѓе, пронижана со идеалите на епохата и со многу интересни реални личности.Овој возбудлив исечок од  времето на радиото, џезот, првите звучни филмови и аеропланите претставува вистински лет во минатото, кој го води читателот на незаборавно патување низ историјата на балканските простори.

„Елегантноста на нарацијата на Арсениевиќ е како огномет на дожд...“ The Times Literary Supplement

 

Напишете ваш коментар