Ледената принцеза

Ледената принцеза

  • Автор: Камила Лекберг
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082301136
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 376
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 500,00ден
Цена со попуст: 360,00ден
Заштедувате: 140,00ден

Редовна цена: 500,00ден

Цена со попуст: 360,00ден

Грозоморната смрт го обелоденува мрачното срце на едно приморско скандинавско гратче. Кога Ерика Фалк се враќа во своето далечно родно место Фјелбака по смртта на своите родители, се соочува со уште една трагедија: самоубиството на нејзината најдобра пријателка од детството, Алекс. Самата Ерика го наоѓа нејзиното тело – потопено во када со смрзната вода и со пресечени вени. Ерика е потресена – зошто една прекрасна жена која има сè би си го одзела животот? Во тим со полицискиот детектив Патрик Хедстром, нејзината стара љубов, Ерика почнува да ги разоткрива шокантните настани од детството на Алекс. Како што се обелоденуваат ужасните факти едноподруго, љубопитноста на Ерика и Патрик прераснува во опсесија – а нивниот флерт се претвора во нескротлива привлечност. Но набргу потоа нешто станува сосема јасно: во прашање е смртоносна тајна, а надвор има некој што ќе направи сè – па дури и ќе убие – за да ја скрие.Обожавателите на скандинавските великани Стиг Ларсон и Хенинг Манкел ќе уживаат во длабокиот портрет на најмрачната човекова природа. „Одличен роман... задолжителна лектира за сите обожаватели на скандинавската криминалистичка литература.“ Буклист Книгите на Лекберг се преведени на 38 јазици и се читаат во 55 земји.

Напишете ваш коментар