Крадци и проститутки

Крадци и проститутки

  • Автор: Рута Шепетис
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-21-0
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 260
  • Димензии: 210/130
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 340,00ден

340,00ден
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше. 
 
Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. „Сите ќе умреме“, полека рече еден ќелав човек во камионот. „Ова е крајот.“ Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници... рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“. 
 
Илјадници луѓе во воз за добиток, со по една кофа вода и помија дневно, така поминавме илјадници километри додека да најдат совршено место за да ги скријат своите тајни од светот, за да не скријат нас од светот. 
 
„Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо. 

Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.

Напишете ваш коментар