Кон другата земја

Кон другата земја

  • Автор: Митко Маџунков
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-304-8
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 430
  • Димензии: 120/200
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден
400,00ден

Маџунков создава роман-историска фреска, клучен за нас и таков досега несоздаден; роман во кој се резимира историското ходочастие на Македонија, еве, повеќе од два и пол милениуми опстојување на балканските простори. Напишан во поетиката на енциклопедискиот реализам како органско проникнување на реалното и имагинативното, на белетристичкиот и есеистичкиот дискурс, на поезијата и хуморот, Кон другата земја е прв македонски енциклопедиски роман и затоа еден меѓу неколкуте од најстварните и највистинитите што сме ги создале, и тоа во целост: и во историска, и во духовна, и во естетска смисла.
Овој роман естетски блика не само од една ретка, речиси ингениозна дарба – толку нè привлекува со својата убавина, со својата уметничка и естетска сугестивност – туку и од една речиси фрапантна ерудиција која нè обзема токму со својата филозофска сеопфатност и длабочина.
Посебна, речиси волшебна приказна на овој извонреден и голем роман е неговиот јазик. Маџунков навлегува во неговите темни и недокосливи исконски длабочини. Во тој јазик низ неговите вени и жили како да тече крвта на народот. Затоа македонскиот јазик е кај него толку пагански слободен и подмладен.

Митко Маџунков во својот исклучителен роман плови со радарска точност низ столетијата и епохите откривајќи ја историската егзистенција на овој народ и осмислувајќи ги сите оние судбински нешта што ја прават оваа земја таква каква што е, кревајќи ја од приземноста кон небесата, од ништожноста кон ѕвездите.
Георги Старделов

 

Напишете ваш коментар