Колумнистот

Колумнистот

  • Автор: Владимир Петрушевски
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577843
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 170
  • Димензии: 140Х205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 350,00ден
350,00ден

Фили колумнист?!? Па, сега... зошто не, ако можеше Кишон (единствениот со кој прифаќам да бидам споредуван) да пишува романи? Колумнист, ами како!Пишував колумни, со целосна слобoда во изборот на темата... Морам да предупредам на крајно експлицитната содржина во некои од колумните! Читателот што ова го доживува како проблем, најдобро е воопшто да не почнува со читање на ова четиво (во интерес на сопствените пуритански критериуми).
Дел од текстовите се своевидна критика на власта (како што и треба да биде: власта се критикува, за да нe греши – ако е макар малку подготвена да прифати критика). Друг дел се критика на оној дел од опозицијата што не признава постоење на друга опозиција! Остатокот се теми од сегашноста и минатото, кои на некаков начин ми оставија впечаток и посакав да ги ставам на хартија.

Напишете ваш коментар