Колку беше доцна, колку доцна

Колку беше доцна, колку доцна

  • Автор: Џејмс Келман
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-529-5
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 413
  • Димензии: 135/200
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 450,00ден

Редовна цена: 450,00ден

Цена со попуст: 360,00ден

Колку беше доцна, колку доцна е фуриозен и бескомпромисен роман во духот на модернистичката традиција и директно инспириран од творештвото на Семјуел Бекет и Џејмс Џојс.

Напишан „во еден здив“, без поделба на поглавја и паузи во нарацијата, Колку беше доцна, колку доцна претставува, всушност, тек на свеста на главниот лик Семи, кој минува низ неколку пеколни денови од својот живот. Семи има навистина ужасна седмица – се опива и додека е онесвестен го ограбуваат, му земаат сè, па дури и чевлите, а потоа го апсат полицајците и го тепаат толку дивјачки што ослепува. И тоа е само почеток на неговите проблеми, зашто слеп и претепан го фрлаат на улица, а неговата девојка одеднаш исчезнува и нема никој да му понуди барем малку помош и утеха...

Истовремено депресивен и преполн со црн хумор, романот се заокружува како потресна и трогателна човечка драма, која како вител го вовлекува читателот во своите скриени длабочини.

„Роман кој на најнеочекуван начин од мрачен реквием се трансформира во химна на животот. Ако на првите неколку страници го мразите и не го разбирате Семи, на последните страници ќе плачете поради него, затоа што веќе сфаќате дека полека почнува да ви недостига.“ Сандеј телеграф

Напишете ваш коментар