Кодот на Да Винчи

Кодот на Да Винчи

  • Автор: Ден Браун
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577089
  • Година на издавање: 2009
  • Број на страни: 492
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 299,00ден
Цена со попуст: 250,00ден
Заштедувате: 49,00ден

Редовна цена: 299,00ден

Цена со попуст: 250,00ден

Во текот на својата службена посета на Париз, харвардскиот стручњак за симбологија Роберт Ленгдон дознава дека во Лувр бил убиен стариот кустос, а до неговиот труп бил најден еден загадочен код. Обидувајќи се да ја решат бизарната загатка, Ленгдон и способната француска специјалистка за криптологија Софи Неве постепено сфаќаат дека трагите за решението се скриени во делата на Леонардо да Винчи. Сè ќе се комплицира дополнително кога Ленгдон ќе ја открие вчудовидувачката алка: покојниот кустос бил поврзан со Сионскиот приориум, вистинско тајно друштво чии членови биле сер Исак Њутн, Ботичели, Виктор Иго, Да Винчи и многу други. Ленгдон се сомнева дека се наоѓаат во лов на историска тајна и, ако не успеат да ја дешифрираат загатката, тајната на Сионскиот приориум и древната вистина ќе бидат загубени засекогаш.

Романот Кодот на Да Винчи претставува експлозивна комбинација на расен трилер, есеј за историјата на уметноста и религискиот симболизам - мистериозни убиства, фасцинантни езотерии, што настанувале во текот на историјата на Западот, природата на насмевката на Мона Лиза, тајните на Светиот грал, накусо, Кодот на Да Винчи еднакво им должи на Името на розата на Умберто Еко, како и на највозбудливите романи на Роберт Ладлам.

Ден Браун е автор на бестселерите Дигитална тврдина, Ангели и демони и Точката на измамата. Кодот на Да Винчи е преведен на четириесетина јазика и во првите шест месеци од објавувањето е продаден во над 4 милиони примерока.

Напишете ваш коментар