Карта и територија

Карта и територија

  • Автор: Мишел Уелбек
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-458-8
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 353
  • Димензии: 140/2015
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 450,00ден

450,00ден

ДОБИТНИК НА ГОНКУРОВАТА НАГРАДА

Градејќи си го името и репутацијата со изложување на фотографии од автомапите на „Мишлен“, необични дела што му носат многу пофалби од уметничкиот свет, Жед Мартeн се враќа повторно на сцената по десетгодишно отсуство. И носи добри вести, што немаат никаква врска со расипаниот котел за греење во неговиот стан, наближувањето на уште една тажна божикна вечера со татко му, ниту со сеќавањата на неговата проколната љубовна врска со прекрасната Олга. Не, се работи за неговата нова изложба во која го вклучува, верувале или не, познатиот француски писател Мишел Уелбек.

Изложбата „Занаети и занимања“, всушност, серија портрети на обични и необични луѓе сликани како работат – му носи на Жед меѓународно признание и слава. Но котелот во неговиот стан е сè уште расипан, неговиот оддалечен татко и понатаму паѓа во заборав и, што е најлошо од сè, му се јавува еден инспектор кој ја бара неговата соработка за решавање на едно грозоморно злосторство.

Уметноста, парите, љубовта, односот со таткото, смртта, работата, Франција претворена во туристички рај – се неколку од темите на овој роман, класично смел и модерно искрен роман, кој на Уелбек му го донесе највисокото француско книжевно признание.

Напишете ваш коментар