Каменот од твојот ден

Каменот од твојот ден

Цена: 299,00ден
299,00ден

Четворица пријатели одат на Хималаи. Само една од нив е жена и само таа нема никакво претходно планинарско искуство. Не поседува „доказни материјали” дека може заедно со нив, искусните, да искачи пет илјади метри височина, совладувајќи ги сите нешта што Хималаите ги испречуваат на патот на „освојувачите”. Единственото нешто што Таа го поседува е страсната желба да си го оствари својот животен сон. Сонот се вика: да одам на Хималаи. На прашањата, зошто сака да оди и како тоа ќе го оствари, Таа нема одговори. До нив стасува дури откако долго престојува сред Хималајскиот Универзум. Што открива жената? Што осознава? Со кого се сретнува? Што научува? Зошто? Дали Таа што тргнува е истата Таа што се враќа, или тоа се две различни жени со два живота, претхималајски и постхималајски? Во Каменот од твојот ден сите тие прашања се спојуваат во едно - прашањето за Будноста. Книгава не е ниту патопис (иако за основа го има личното хималајско искуство на авторката), ниту роман, ниту фикција, ниту стварност. Истото е што е и животот. Истото е што се и Хималаите: јаве на сон и сонување со отворени очи. Или: заедничката точка во која обете се сретнуваат - најсуштинското Јас. Мајсторот во себе. Безвремената и бесконечна Празнина!

Kаменот од твојот ден е добитник на Рациновото признание за 2005 година.

Напишете ваш коментар