JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Момчето Гашпер, вљубеник во Интернет и во хорор-филмовите, само уште малку не ќе смее да ги гледа филмовите за 12+. Тој живее со мајка си Мајда, која го напуштила сонот да стане сликарка, и таткото Јоже, кој сè почесто отсуствува од дома, што предизвикува бурни кавги... Него почнува да го копка чудното (не)расположение на мајка му, па почнува да пребарува на Интернет и доаѓа до сознанието дека ќе стане популарен во училиште ако дознаат дека мајка му се дрогира... Но дали не се работи за нешто друго?
Гашпер си има и други проблеми. Соученичката Тина го избегнува во училиште и сака да разговараат само по Скајп. Го прогонуваат и го исмеваат тројцата школски насилници. А најдобриот другар Марко е готов да го предаде за да се спаси од нив... Текот на овие секојдневни настани е прекинат од жестоката караница на родителите, ненадејното исчезнување на мајка му и посетатата кај чудниот Макс... Одеднаш, животот на Гашпер почнува да добива друга димензија!
Прати е-mail на пријател
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?