JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Запознајте ги сите лица на ноторната Бернадет Фокс! За нејзиниот маж и Мајкрософт-гуру, таа е ексцентрична и своеглава; за архитектонските кругови е пионер на зелената архитектура; за останатите мајки чии деца учат во истото приватно училиште, таа е дрска и асоцијална, а за петнаесетгодишната Би е едноставно мама и нејзина најверна другарка.
Еден ден, Бернадет исчезнува. Сè почнува кога Би се враќа со највисоки оценки и ја бара ветената награда – семејно патување на Антарктикот. Но сè посилната алергија на Бернадет од Сиетл – и од луѓето воопшто – ја прави толку голем агорафоб што најмува виртуелна асистентка од Индија за најосновни секојдневни работи. Патувањето на крајот од светот ѝ задава дополнителни главоболки...
Во обид да ја најде мајка си – но и да ја разбере – Би собира имејлови, официјални извештаи, тајни преписки, доверливи документи од ФБИ, создавајќи заразно читлив и трагикомичен епистоларен роман за потиснатиот гениј и за силниот однос меѓу една мајка и една ќерка во овој апсурден свет.
„Нетрадиционален роман за еден извртен гениј и силната врска меѓу мајка и ќерка, но можеби премногу ќе се смеете за да забележите.“ Опра магазин
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?