Јон

Јон

  • Автор: Еврипид
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 9786084892144
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 94
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 200,00ден
200,00ден

Креуса е единствената ќерка на Ерехтеј која може да ѝ даде на Атина легитимен наследник на престолот и да ја продолжи кралската лоза. Но таа е омажена за Ксут, а тој е туѓинец. Доколку добие син со него, тој не ќе биде чист атињанец. Меѓутоа, Креуса нема деца со Ксут и доколку бракот остане јалов, ќе исчезне лозата на Ерехтеј. Толку заплеткана состојба што може да ја разрешат само боговите...

Исполнета со контрасти, со мешавина на насилство и убавина, со страсти и иронија, со љубов и омраза, оваа неконвенционална грчка трагедија, која многумина ја дефинираат како романтична мелодрама или како софистицирана комедија на идеи, сепак е трагедија во вистинска смисла на зборот, бидејќи парадигматично исцртува смртни луѓе кои од незнаење дејствуваат во заблуда и грешат и коишто на крајот со помош на божја интервенција се извлечени од бездната кон која ги води нивното, на човечки ум потпрено, дејствување.

Напишете ваш коментар