Историчарка

Историчарка

  • Автор: Елизабет Костова
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300320
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 637
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 299,00ден

299,00ден

Кога шеснаесетгодишната девојка ќе најде во богатата библиотека на татко си една добро скриена книга и куп пожолтени писма кои почнуваат со зборовите „Мој мил и несреќен наследнику”, ќе започне потрага по најопскурните патишта на историјата, заснована врз факт што е еднакво апсурден колку што е и можен: Дракула, крвожедниот Влад Цепеш е жив.
Водена од вештата писателска рака на Елизабет Костова, приказната се одвива истовремено во три различни раздобја. Првото раздобје: во триесеттите години на минатиот век професор Бартоломју Роси, откако фантазијата и историчарскиот дух ќе му бидат преокупирани од една необична книга, ќе тргне да го бара Дракула. Страшните и крвави настани наскоро ќе го натераат да се откаже, сè додека, дваесет години подоцна, истата книга не ја најде Пол, негов студент. Наскоро потоа Роси мистериозно исчезнува, а Пол и таинствената Хелен ќе се обидат да ја решат загатката. Третата раскажувачка низа започнува дваесет години подоцна - некогашниот студент сега е угледен дипломат, а судбоносната книга ја наоѓа неговата ќерка. Пол исчезнува, оставајќи несфатлива порака: „Отидов да ја најдам мајка ти”. Мајката која е мртва веќе дваесет години.
Три приказни, три периоди, три истории. Испреплетувајќи ги приказните, ликовите и животите, легендата и историјата, романот гради комплексно дејство низ кое треба да се движите како низ лавиринт: внимателно, претпазливо, не дозволувајќи да се изгубите, зашто замките се зад секој агол. Кога ќе стигнете до крајот на романот, иако изгледа како сè да се разјаснило, сепак ве очекува загатка. Под површината на расплетот се крие друга мисла. Прашањето: колку е злото навистина зло, а доброто добро? Дали е светот обоен во црно-бело или е палета од нијанси кои не можат да се раздвојат? Кој е вистинскиот Влад Дракула и навистина ли е толку крволичен како што нè учат легендите и историјата? Или има и уште нешто, некоја неоткриена страна од неговата личност? Движејќи се низ романот, низ замките и интригите, оваа книга докрај нè држи во напнатост, содржејќи ги сите елементи потребни за добра книга: одлична и докрај неизвесна приказна, до перфекционизам изградена фабула и на крајот, материјал за размислување.

Напишете ваш коментар