Интерпретограми (студии за македонската книжевност)

Интерпретограми (студии за македонската книжевност)

  • Автор: Марија Ѓорѓиева Димова
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-721-3
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 248
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 350,00ден
350,00ден

Ракописот Интерпретограми (студии за македонската книжевност) од проф. д-р Марија Ѓорѓиева Димова е студија од областа на теоријата на книжевноста, книжевната критика и книжевната херменевтика. Ова е нејзина осма книга составена од студии и огледи од областа на книжевната наука и компаратистиката. Во седумнаесетте текста испишани како сериозни интерпретативни анализи се толкуваат одбрани – прозни, поетски и драмски – дела од македонската литература.

Толкувањата се изведени низ призма на одредени книжевно-теориски категории и како проверка и примена на некои референтни херменевтички модели и концепции, какви што се, на пример: теориите на интертекстуалноста, транстекстуалноста, цитатноста и интердискурзивноста, теориите на метафикцијата и теориската фикција, начелата на метакритиката, модусите на жанровската хибридизација, постмеморијата како култура и како литература. Покрај жанровската хетерогеност на анализираните книжевни дела и покрај широкиот спектар теориски поими и модели што се актуализирани во анализите, оваа студија ги опфаќа книжевните остварувања на еминентни македонски автори, од различни генерации: Кочо Рацин, Блаже Конески, Георги Сталев, Слободан Мицковиќ, Влада Урошевиќ, Катица Ќулавкова, Димитрие Дурацовски, Драги Михајловски, Венко Андоновски, Блаже Миневски, Кица Колбе, Калина Малеска, Сашо Димоски, чиишто дела се сместени и во добро промислени компаративни толкувачки контексти (поставени во корелација со некои автори од регионот).

Академик Катица Ќулавкова

Напишете ваш коментар