Илјада неверојатни сонца

Илјада неверојатни сонца

  • Автор: Калед Хусеини
  • Издавачка куќа: АЕА
  • ИСБН: 9789989392689
  • Година на издавање: 2008
  • Број на страни: 372
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 350,00ден

350,00ден

„ИЛЈАДА НЕВЕРОЈАТНИ СОНЦА“ за сценографија ги има насилните триесет последни години во современата авганистанска историја - од инвазија на Советите преку владеењето на талибанците и нивното симнување од власт - кога насилието и стравот ама и надежта и вербата се секојдневни искуства на Авганистанците.

Се раскажува за две генерации на ликови чии судбини се вркстувбаат во трагичните текови на војната а нивните лични дилеми - поривот за гол опстанок, да се создаде семејство, да се бара среќата - не можат да побегнат од историските настани кои си поигруваат со нивните животи. Романот е потресна приказна за едно време без пришка, за неочекувано пријателство, за неуништлива љубов - чудесно постигнување. 

Насловот е земен од една поема на познатиот авганистански поет Саиб-е-Табризи (17.век) во која се опејува древноста на културата во Кабул: „Никој не може да ги изброи месечините кои одблеснуваат на неговите покриви, или илјадниците неверојатни сонца што се кријат зад неговите ѕидови“ 


 

Напишете ваш коментар