И ова ќе помине

И ова ќе помине

  • Автор: Милена Бускетс
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-367-3
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 137
  • Димензии: 140/200
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 280,00ден
280,00ден

Многу одамна и многу далеку, можеби во Кина, си бил еден моќен, паметен и милостив цар, кој еден ден ги собрал сите мудреци во своето царство и им рекол: „Сакам да смислите кратка реченица која може да се употреби во сите можни околности“. Мудреците се повлекле и со месеци размислувале. На крајот се вратиле и му рекле на царот: „Ја смисливме речницата и таа гласи – ’И ова ќе помине‘.“ Па додале: „Болката и тагата поминуваат, исто како и радоста и среќата.“ Сега знам дека тоа не е вистина.

По смртта на мајка си, Бланка потонува во тага и во постојани разговори со неа во мислите. За да собере сила да го продолжи животот, решава да го помине летото во куќата од своето детство, заедно со синовите, двајцата бивши мажи, пријателите и кучето. Истражувајќи ја болната, сложена и страсна врска со мајка си, среќавајќи стари познајници и стекнувајќи нови, разочарувајќи се во љубовниците и скитајќи низ тесните улици на родното место, таа ќе проникне во срцевината на тој однос и полека ќе ги зацели раните отворени со мајчиното заминување.

 „Книга која ги засени сите други изданија во 2015 година.“ AMICA

 

 

Напишете ваш коментар