Хроники

Хроники

  • Автор: Непознато
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577829
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 256
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден
Цена со попуст: 320,00ден
Заштедувате: 80,00ден

Редовна цена: 400,00ден

Цена со попуст: 320,00ден

Кога во 2004 година за првпат се појавија мемоарите на Боб Дилан, никој не очекуваше дека се работи за стандардна автобиографија на една од најповлечените музички легенди. И навистина, Хроники е необично, но крајно поучно дело, подеднакво импулсивно, ексцетрично и инспирирачко колку и самата музика на Дилан.Избегнувањето на хронологијата и прескокнувањето на најголемиот дел од клучните моменти што му ги припишуваат многуте биографи, Дилан плови и талка низ својата приказна, засилена со низа поголеми и помали откровенија. Ако ве интересира неговата средба со Битлси зад сцената, побарајте на друго место. Дилан ја опишува сензацијата кога ја слушнал нивната песна „Do you want to know the secret“ на радио, но му посветува многу повеќе мастило на продавачот Сан Пај од Лузијана, кој му кажува: „Мислам дека сè што е добро на светов е веќе направено“, и му продава стикер за браник кој гласи Најдобриот дедо на светот. Секако, Дилан се држи до својата агенда - исечок од весникот за боксерите од тешка категорија Џери Квери и Џими Елис и појавувањето на соул-пејачот Џо Текс на Тунајт шоу го поттикнуваат на длабоко размислување, а сепак атентатот врз Џон Кенеди во 1963 не изнудува ниту еден збор од најголемиот „бунтовник“ на музичката сцена.Хроники, на начин карактеристичен за Дилан, ни разоткрива исто колку и неговите најзначајни албуми. Истовремено создавајќи сосема нови мистерии, тој нуди кратки увиди во мислите на еден од најзначајните уметнички гласови на 20. век.

Напишете ваш коментар