1 ЧЕКОР : ИЗБЕРЕТЕ ГИ ПРОДУКТИТЕ ШТО САКАТЕ ДА ГИ НАРАЧАТЕ

Покрај секој наслов/артикл се наоѓа копчето „Нарачај“ – кликнете на него и производот автоматски ќе биде додаден во вашата кошничка.

Во кошничката можете да додавате неограничен број на производи, како и да ги бришете продуктите што предходно ги имате додадено.

На ист начин во кошничката може да се додадат и прозводите од листата на желби.

Во секој момент, со поглед кон горниот десен агол на екранот можете да видите колку продукти имате во кошничката и која е нивната вкупна вредност.

Кога ќе ги одберете сите книги што сакате да ги нарачате, притиснете на копчето „ ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА“ и преминете на вториот чекор од процесот.

 

2 ЧЕКОР: ПРЕГЛЕДУВАЊЕ НА ВАШАТА КОШНИЧКА

Откако ке ги изберете продуктите што сакате да ги нарачате и ќе притиснете на копчето „ ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА“, ќе бидете автоматски префрлени во Вашата потрошувачка кошничка. Во неа јасно се прикажани продуктите што ги нарачувате, количините (кои можете да ги смените во секој момент) и вкупната вредност на нарачката.

Во долниот дел од кошничката се наоѓа поле каде може да го внесете вашиот купон за попуст, кој ќе го добиете откако ќе станете член на нашиот Клуб на читатели.

Доколку сакате да дополните нарачката со уште некој продукт, притиснете на зеленото копче „ПРОДОЛЖЕТЕ СО КУПУВАЊЕ“ што се наоѓа во левиот долен агол од потрошувачката кошничка.

За да продолжите кон третиот чекор од процесот на нарачка, притиснете на зеленото копче „ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА“ што се наоѓа на долниот десен агол од потрошувачката кошничка.

 

3 ЧЕКОР: ВНЕСУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Во овој дел треба да ги пополните полиња со потребните лични информации. Полињата што се обележани со ѕвездича (*) се задолжителни, и без нив Вашата нарачка нема да биде успешно извршена.  Ако сте веќе регистриран член, најавете се со внесување на Вашиот имејл и лозинката.

Со селектирање на опцијата „Регистрирајте се за во иднина“ вашите податоци ќе бидат зачувани во нашиот систем, што ќе го олесни и забрза процесот на нарачување во иднина.

  

4 ЧЕКОР - МЕТОД НА ИСПОРАКА

За нарачки во Република Македонија доставата ја врши курир-службата Глопко Логистик Скопје (ГЛС).

Пратката ќе пристигне на Вашата домашна адреса најдоцна до 3 работни денови од комплетирањето на нарачката. Поштарината автоматски се пресметува и се додава кон вредноста на нарачката врз основа на нејзината тежина. 

Сите нарачки над 1000 денари во границите на Р.Македонија се квалификуваат за бесплатна испорака.

Испораката на нарачките надвор од Р. Македонија се врши со ДХЛ.

Откако ќе го изберете начинот да испорака што најмногу Ви одговара, кликнете на зеленото копче „Продолжете“ .

 

5 ЧЕКОР: ИНФОРМАЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Одберете го начинот на плаќање. На интернет-книжарницата kniga.mk можете да плаќате:

1.Готовинско плаќање при моментот на достава на пратката
2.Плаќање на фактура/уплатница
3.Плаќање со платежна картичка

 

Готовинско плаќање при моментот на достава на пратката 

Доколку сакате да платите во готовина во моментот кога курирот ќе ја достави пратката до вашата домашна адреса, изберете ја оваа понудена опција. Услугата ќе ве чини дополнителни 30 денари кои не се пресметани во вкупната сума што ја гледате во вашата кошничка.

Плаќање со фактура/уплатница

Доколку при купување го одбравте овој начин на плаќање, на вашата и-меил адреса ќе добиете автоматски одговор со информации околку нарачката. Во самата порака се прикажани сите информации за нарачката како и пример од уплатница и објаснување како треба да ја пополните.

Уплатата може да ја извршите на местото каде вообичаено ги плаќате вашите сметки.

Вашата нарачка во овој случај ќе биде резервирана 3 работни дена. Ве молиме Вашата уплата да ја извршите во тој временски рок.

 

Плаќање со платежна картичка

Доколку при нарачката го одбравте овој начин на плаќање, системот автоматски ве пренесува на страната за електронско банкарство на НЛБ Тутунска банка.

За сигурноста на податоцитие кои ги внесувате гарантира НЛБ Тутунска банка, и во ниту еден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиот систем.

 

6 ЧЕКОР : ПРЕГЛЕД НА НАРАЧКАТА

Во овој чекор можете детално да ја прегледате вашата нарачка. Во десниот дел се вашите податоци, адреса за испорака, методот за испорака и плаќање кои предходно ги избравте.

Во левиот дел можете да ги прегледате продуктите кои ги нарачавте, нивната количина и цена. За потврдување на нарачката притиснете на зеленото копче „ПОТВРДИ“ во долниот десен агол.

Веднаш по комплетирањето, вие ќе добиете имејл за потврда на нарачката и линк за да го следите нејзиниот напредок.

Ви благодариме!