Хитопадеша

Хитопадеша

  • Автор: Нарајан Пандит
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-373-4
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 194
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 300,00ден
Цена со попуст: 170,00ден
Заштедувате: 130,00ден

Редовна цена: 300,00ден

Цена со попуст: 170,00ден

Хитопадеша, односно Благодатен совет, дело на Нарајан Пандит, напишано најверојатно некаде околу десетти век, по многу нешта стои во врвот на најважните санскритски дела на сите времиња. Таа е меѓу првите дела преведени на европските јазици од, веројатно, најбогатата светска книжевна и философска традиција. Таа е и дел од незаменливата лектира во современиот образовен систем на Индија – дело со кое младите Индијци се запознаваат од најрана возраст. По структура, Хитопадеша е мешавина на поезија и проза. Притоа, значителен дел од текстот напишан во строфи е преземен од голем број познати класични дела на индиската книжевност, како што се Махабхарата, Чанакја-нити-дарпанам, Пањчатантра итн., додека прозните делови се басни. Така, Хитопадеша е збирка на басни чии наравоученија се дадени во стих.

Она што ја прави Хитопадеша толку важна е фактот што таа е своевидна антологија на староиндиската етика. Имено, наводите од гореспоменатите класични дела се избирани по етички терк и многу вешто извезени низ басните. Во таа смисла, таа е несомнено делото кое – покрај Бхагавад-гита, но од едно друго стојалиште – најдобро го одразува староиндискиот дух. Оттука нејзиното издавање на македонски јазик е императив, доколку нашата култура сака да продолжи да се запознава со најдоброто од другите култури.

 

Напишете ваш коментар