Граница

Граница

  • Автор: Луан Старова
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-532-5
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 293
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 300,00ден
300,00ден

Оваа ведра книга, во исто време, во својата интимна текстура, сведочи и за балканскиот трагизам. Авторот не ни зборува само како албански бегалец, емигрант, екс Југословен, македонски државјанин, туку сведочи и како балкански човек, живеејќи и носејќи ги во себе судбините на толку многу поврзани, мешани, делени, противставувани култури... Едгар Морен

Граница е шеснаесеттиот роман од Балканската сага на Луан Старова (Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј, Пресадена земја, Балкански клуч, Патот на јагулите, Тврдина од пепел, Ервехе – книга за една мајка, Во потрага по Елен Лејбовиц, Љубовта на генералот, Амбасади, Нови амбасади, Балканвавилонци, Балкански жртвен јарец и Враќањето на козите). Француската книжевна критика овие романи ги вбројува во редот на големите европски романи.

Границата е релативно нова идеја на Балканот. Нараторот во неколку големи поглавја раскажува еден век граница преку доминантните ликови и нивните разгранувања во светот во текот на XX век: Дедото, Бабата, Таткото, Мајката и самиот раскажувач. Со својата нарација, како и со оригиналните фотографии, оваа книга е значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето.

Напишете ваш коментар