Грабнувањето на Европа

Грабнувањето на Европа

  • Автор: Митко Маџунков
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-466-3
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 220
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 200,00ден
200,00ден

И ден-денешен може да се види Европа седната во крошната на дрвото, на монетите на критските градови. Зевс ја опсипа со дарови, со ловечко копје кое не ѝ беше потребно и со скапоцен накит кој никогаш не го стави на себе. Според неа го нарече светот опфатен со нејзиното име, но во него нејзината нога не стапна никогаш. Тој ѝ подари тројца синови, Миној, Сарпедон и Радамант, кои ќе станат справедливи судии во светот познат како Долен, за кој се верувало дека се наоѓа под земјата. Само Европа знаеше дека не е така: тој свет почнуваше од катарактите на Нил и се спушташе кон Теба и Мемфис, одеше до Библос и Феникија, а се завршуваше на Крит. Старата култура, наречена според името на нејзиниот најстар син, ќе остане на бедемите на Кносос и – што и да кажуваат инаку моминските соништа – на крилјата на лудите летачи ќе одлета само нејзиниот привид. На континентот кој ќе го носи нејзиното, Европино име, новите херои ќе го убијат сончевиот бик што ги создал, претворајќи го во хтонско чудовиште од лавиринтот… Тоа ѝ стана јасно набргу по доаѓањето на островот, кога сфати од колку кревка твар е составена љубовта на боговите. Она по што мечтаеше Европа на бреговите на Феникија не беше некој мигновен занес на Крит, туку траен престој во куќата во која музиката никогаш не престанува. Она за што сонуваше Европа не беше да му даде име на туѓиот континент, туку на своето сопствено име да му ја надодаде убавината на другите светови.

Во оваа книга се наоѓаат некои од најубавите кратки раскази на Митко Маџунков од сите негови творечки периоди, возбудливи дела со неминлива книжевна вредност.

Напишете ваш коментар