Господарот

Господарот

  • Автор: Колм Тојбин
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-438-0
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 387
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 450,00ден
Цена со попуст: 360,00ден
Заштедувате: 90,00ден

Редовна цена: 450,00ден

Цена со попуст: 360,00ден

Трогателна приказна за еден живот растргнат меѓу нереализираната љубов и осамената посветеност на прозата.

Романот Господарот на Колм Тојбин ги опфаќа клучните животни епизоди на еден од најголемите писатели на XX век, Хенри Џејмс, и мајсторски го проектира психолошкиот портрет на авторот на Свртување на завртката и Портрет на една дама. Во јануари 1895 година Хенри Џејмс ја очекува сценската поставка на својата прва драма Гај Домвил во Лондон. Продукцијата пропаѓа и тој, разочаран и понижен, му се враќа на пишувањето. Резултатот е низа книжевни ремек-дела кои остануваат популарни до денес, но се создадени по цена на многу лични жртви. Овој роман, кој во 2004 година Џон Апдајк го поздрави како чудесен спој од биографско истражување и прекрасно нијансиран книжевен стил, го опишува семејното милје на Хенри Џејмс, неговите односи со роднините и пријателите, но и осамената посветеност на прозата, отсликувајќи го неговиот живот меѓу уметниците и аристократијата во Париз, Рим, Венеција и Лондон.

Господарот е прекрасен пример за романизирана биографија и историски роман во кој реалните ликови се преплетуваат со фикцијата. Но ова е и роман кој ни овозможува да ѕирнеме во интимниот живот на писателите и да согледаме како луѓето од својот секојдневен живот полека се трансформираат во книжевни ликови кои ќе останат засекогаш запаметени во книжевната историја.

Напишете ваш коментар