Големата вода

Големата вода

  • Автор: Живко Чинго
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-301-7
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 175
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 250,00ден
Цена со попуст: 200,00ден
Заштедувате: 50,00ден

Редовна цена: 250,00ден

Цена со попуст: 200,00ден

„Ѕидот беше околунаоколу домот, како смок притаен. Огромен. Ќе те гушне ли, ќе те завитка со опашката и тогаш ти нема спас.“

Големата вода на Живко Чинго говори за настани „од еден дом за сирачиња кој се отвора во првата слободна пролет, 1946 година“. Наративната линија е препуштена на главниот лик, Лем Никодиновски, кој ја доживеал трагичната судбина на многуте деца без родители од повоениот период. Војната ги оттргнала од прегратките на нивните родители, а повоениот период ги препуштил на грижата и негрижата на строгите и сурови воспитувачи од сиропиталиштата.
Иако романот раскажува за мачниот животот на воените сирачиња во домот за сираци „Светлост“ веднаш по завршувањето на Втората светска војна, намерата на авторот е значително подлабока: да даде остра критика на погрешното сфаќање за начинот на градењето на личноста во домовите, а со тоа и во општеството во целина, на погрешниот воспитно-образовен процес кој каска далеку зад идеалот на градење почовечки, вистински и длабоки односи меѓу луѓето.


Роман за вечната борба на човекот со мрачните сили кои се обидуваат да го расчовечат, за борбата на доброто со злото, на светлината со мракот, на големата вода на слободата со ѕидот на угнетувањето. 

Напишете ваш коментар