Годината минува денот никогаш

Годината минува денот никогаш

  • Автор: Жарко Лаушевиќ
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300726
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 334
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 500,00ден

500,00ден

Се разбира, јас не сум слободен човек. Човек што убил никогаш веќе не може да биде слободен. Слободата веќе никогаш не може да биде мој збор. Слободата е право на другите да кажат што мислат за мене, слобода е да ме „слободат“, да ме присвојуваат, да ме мразат и да ме тормозат. А јас веќе и не знам воопшто што значи тој збор. Дали е тоа можеби само сеќавање дека еднаш како дете трчав околу Билјарда и бев среќен, или слобода е оној момент кога решив да ја напишам оваа книга.

Пред вас е првата книга на Жарко Лаушевиќ. Во неа Жарко е и учесник и толкувач, и раскажувач на сопствениот грев и страдалник на сопствената казна, и двоен убиец и затвореник, и сопруг и татко, и брат и син. Книгава е тешка, прецизна, болна, остра. Единствена. Неповторлива. Искрена. Таа допира многу теми, претставува бројни ликови и опишува мноштво настани. Жарко во забелешките е остар и искусен, им влегува под кожа на тие што ги опишува; неговото уво ги памети суптилностите на јазиците и звуците на долгите затворски ходници, неговата мечта разговара со мислата на родениот брат.
Подгответе се за голем пат што ќе го поминете читајќи ја. Тој пат воопшто не е лесен, приказната е емотивна, некои реченици сечат како нож. Но, ако читате со отворено срце, наградата на крајот ќе биде посебна: ќе запознаете едно рането човечко суштество кое поминува низ пеколот гледајќи го светот околу себе со желба да го разбере.

Коментари од корисниците:

Коментар од elizabeta atanasovska:
Emocii koi lebdat vo vozduhot,kaenje za storenoto postojano prasanje sto ke bese ako taa kobna nok ne se najde na toa kobno mesto.Prikazna za toa kako vo eden moment moze cel zivot da ti se izmeni. (Објавен на 30.8.13)

Напишете ваш коментар