Го сакам Лондон

Го сакам Лондон

  • Автор: Линдзи Келк
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-12-8
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 337
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден

400,00ден

Домот е таму каде што е и срцето. Така? 

Анџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка, а се чини дека и Америка конечно почнува да ја засакува неа. И покрај тоа што нејзиниот вистински дом е Лондон, и покрај тоа што во Њујорк таа помина низ куп бурни авантури со нејзиното момче, со неуспешното наоѓање работа и со истекувањето на нејзината виза, работите конечно тргнуваат на добро за неа во најубавиот град на светот. Работата од соништата ѝ е речиси во рака, свршеничкиот прстен од момчето од нејзините соништа ѝ е на рака и сѐ е одлично. 
 
Само што... таа сега нема избор, освен да се врати во Лондон. А таа идеја ја вади од памет и покрај тоа што се работи само за неколку дена. Зошто? Па таму е нејзиниот поранешен свршеник Марк, типот од кој побегна кога замина во Њујорк. И таму е нејзината најдобра пријателка од детството со своето ново страшно бебе. И мајка ѝ која сѐ уште ѝ зборува како да има петнаесет години. Помеѓу другото, се шушка и за свадба. А сите ние многу добро знаеме каква среќа имаше Анџела со минатите свадби. 
 
Во оваа последна книга ќе се сретнете речиси со сите ликови кои се појавија во серијалот - приказната завршува за сите нив. Анџела, Алекс, Џени, Сади, Џејмс, Грахам, Грег, Луиза, Тим, Марк, родителите на Анџела и многу други. А каде што има многу ликови, таму мора да има голема збрка. Добро, Анџела не е Анџела ако не направи голема збрка и ако не ја заврши приказната во свој стил. 
 
Крајот на серијалот „Го сакам...“ - книгата Го сакам Лондон е вистинска цреша на шлагот.

Напишете ваш коментар