Го сакам Холивуд

Го сакам Холивуд

  • Автор: Линдзи Келк
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН:  978-608-65234-2-8
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 302
  • Димензии: 210/130
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 380,00ден

380,00ден

Па... верувам дека најпрвото прашање кое треба да го поставам е: Дали ја прочитавте Го сакам Њујорк? Ако сте ја прочитале Го сакам Њујорк тоа значи дека веќе сте запознаени со почетокот од авантурата на оваа одлепена девојка. Но не грижете се, дури и ако не сте ја прочитале - Линдзи убаво нè внесува во приказната и ќе се чувствувате како да сте со неа од самиот почеток.

Па драги мои, приказната продолжува онаку каде што застана, односно Енџи е со преслаткиот, духовит рокер Алекс. Ни самата не може да поверува дека конечно се смирија и дека сега сè е одлично меѓу нив. Да, стравот дека нешто повторно ќе тргне на лошо е сè уште тука, но таа се обидува да не мисли на тоа...

Но, Анџела не би била Анџела доколку не се најде пред некои нови авантури, нели? Во првиот дел таа одлета од Лондон бидејќи го фати нејзиниот свршеник како ја изневерува, а сега на Анџела ѝ ја доделуваат најважната задача во списанието за кое работи. Токму ТАА треба да оди во Холивуд и да го интервјуира мега познатиот и супер талентираниот Џејмс Џејкобс кој меѓу другото е секс Бог пред кој жените буквално се онесвестуваат. Но чекајте, како, зошто јас, па јас сум само аматер?! Енџи е збунета... но токму затоа и ја бараат неа. Затоа што е аматер кој нема да биде доволно способен да ги извади неговите валкани тајни во списанието. И тоа самиот Џејмс Џејкобс ја бара неа, неговата сограѓанка Британка.

Напишете ваш коментар